Во Скопје како да нема корона - убавото време деновиве ги наполни терасите на рестораните и кафулињата

Сончевото време кое беше во Македонија претходните денови ги раздвижи луѓето. 

Но, сончевите денови донесоа и драстично зголемување на бројот на заразени од корона. Но, во Скопје како да нема пандемија. 

Терасите на кафулињата и рестораните преполни со гости. Во буквална смисла тепачка за маса на сонце. На масите кои се празни пишува дека е резервирано. 

Она што може да се забележи на терен е дека угостителите ги почитуваат мерките за заштита, па така масите се со одредено растојание. 

Градскиот парк  и Зоолошката градина исто така деновиве  беа полни со посетители. 

Раздвиженост можеше да се забележи и на кејот на реката Вардар. Едни само пешачеа, други спортуваа, но речиси сите се придржуваат до мерките. 

Поради зголемување на бројот на заразени, надлежните од понеделник најавуваат нови рестриктивни мерки.