Во Скопје изречени 528 сообраќајни казни

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 528 сообраќајни санкции, информираат од МВР.

Меѓу нив се 56 за возење без возачка дозвола, 56 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 6 санкционирани мотоциклисти, 85 санкции за некористење сигурносен појас и користење мобилен телефон при возење.

Изречени се и 84 мерки за непрописно паркирање и 83 санкции за неносење на заштитна маска.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.