Во Скопје изречени 169 мерки за сообраќајни прекршоци

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол.  

Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за прекршоци што ги прават пешаците, три мерки за возач почетник, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, соопшти МВР.