Во Скопје и во Струмица запленети 27 тони марихуана

Во вчерашната голема полициска акција во Скопје и во Струмица запленети се 27 тони марихуана, потврдиле официјални извори за порталот МКД.мк.

Во кругот на фабриката Охис, синоќа беа претресени магацините на компанијата за производство на медицински канаби „Алфафарм ДОО Скопје“, регистрирана во 2023 година. Според податоците од Централниот регистар, компанијата е основана со оновачки капитал од 529 илјади евра и има повеќе ко-сопственици. Измени во сопственичката структура биле извршени само неколку дена пред да бидат фатени шверцуваните пет тони во Србија.

Акцијата на МВР е поврзана со претходната заплена на пет тони марихуана во Србија прошверцувани од Македонија.

Во Србија осомничени се пет лица, од кои две се сè уште недостапни за органите на прогонот, а се гонат за неовластено производство и ставање во промет на наркотични дроги.

Бројот на осомничени и кривичните дела за кои постојат сомневања во Македонија ќе бидат соопштени по завршувањето на целосната истражна постапка.

Повеќе информации од МВР и Обвинителството се очекуваат во текот на денот.