Во Скопје и Струмица е прекинат прагот на алармирање за високо загадување на воздухот

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информира дека е прекинат прагот на алармирање за високо загадување на воздухот во Скопје и Струмица.

Како дел од мерките кои беа насочени кон здравјето на луѓето се препорачуваше ослободување од работа на бремени жени , лица со хронична астма, прележан миокарден инфаркт и лица постари од 60 години.

„Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем на 4.1.2024, среднодневните концентрации на ПМ 10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар и епизодата со надминување на прагот на алармирање за ПМ 10 честички е прекината во Скопје и Струмица. Со тоа мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат“ се вели во соопштението од МЖСПП

Овие мерки беа воведени на 27 декември од причина што во Скопје и Струмица нивото на загаденост во воздухот беше екстремно високо.