Во Скопје: Го претепале па сакале да го киднапираат

Во 15 часот во Полициска станица Центар, 29-годишниот Д.П. од Скопје пријавил дека истиот ден во 12 часот и 45 минути на улицата „Аминта Трети“ во Скопје непознат сторител излегол од патничко возило „Ауди А6“  и почнал да го навредува и да му се заканува.

Потоа им се приближило друго непознато лице, кое исто така, им се заканувало. Набргу потоа, на истата улица се паркирало патничко возило „Мерцедес“ од каде излегле три непознати лица кои физички го нападнале Д.П. удирајќи го со тупаници и клоци. Тие се обиделе да го стават во гепек на возилото „Мерцедес“, но во тој момент еден од сторителите му го одзел мобилниот телефон, а Д.П. успеал да избега.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.