Во Скопје дојдов за да студирам, се иселив од студентскиот дом и се вселив во нов стан, луксузно наместен…

Многу девојки ја делат истата животна приказна. Се решаваат за да студираат и да се надоградуваат во главниот град. Но, еве што понекогаш се случува...

Во Скопје дојдов за да студирам. Далеку од моето мало градче каде секој со секого се знае. Тука беше поразлично. Се запишав на еден од државните факултети и се ми тргна како што треба, се сместив во студентски дом, запознав нови пријатели, одев редовно на предавања...

Еден ден решив да излезам со моите нови другарки. Убаво е да се далеку од дома. Никој не те познава. Можеш да се опуштиш до максимум. Не мора да внимаваш дали ќе налеташ на некој познат.

После триестеминутно лудување во еден од ноќните клубови, ми пријде келнерот. Ме праша што ќе се напијам. Си порачав. По 10-тина минути дојде повторно. Ме праша дали сакам да се поздравам со господинот кој ми ја прати пијачката. Се сложив отидов кај него, од една станаа 10 пијачки.

Изгледаше пристојно за неговите 50-тина години. Вистински кавалер. Нешто што нема во мојот град или бар јас не сум сретнала.

Се понуди да ме врати до дома, се сложив. Во автомобилот разменивме неколку бакнежи, на крај му предложив да имаме секс. Беше изненаден од мојата храброст, но ме одби.

Следниот ден ми се јави, се гледавме на чудни интимни места, далеку од сите. По неколку дена ме покани на викенд, отидов и од тој момент тој беше до мене постојано. Не морав да работам повеќе, да пари од моите, едноставно тој беше тука за мене, ми даваше се што ќе ми притреба.

Еден месец подоцна се иселив од студентскиот дом и се вселив во нов стан, луксузно наместен. На другарките им реков дека тоа е стан на пријател на татко ми, а додека пак на моите родители дека е на другарка која не го користи. На лагите им немаше крај. Секој ден нова лага се надоврзуваше.

Неколку месеци подоцна една од другарките ми рече дека треба нешто сериозно да разговараме. Дојде кај мене и ми кажа дека не видела. Ја излажав дека тоа е чичко ми, на татко ми братучед и дека бил дојден во Скопје да ми донесе некои работи. Не знам дали ми поверува, но знам дека бев убедлива.

По неколку месеци, ја прекинавме врската, неговата жена дозна за нас. Преживеав непријатни сцени и со неговата ќерка која ми беше врсничка.

Сега сум навикната на овој начин на живот, не се враќам во бедата од која дојдов, и воопшто не ми е гајле што излегувам со постари мажи кои ми подаруваат се што ќе посакам. Може еден ден ќе се покаам, но засега ми е добро!