Во Скопје десетина градежни реони - Избегнувајте ги !

Вијадукт Трејд Дооел известува дека ќе се започне со изведување на градежни активности на дел од бул. “Крсте Петков Мисирков” од крстосница Судска палата до клучка Битпазар во двете насоки. Измена на режим на сообраќај ќе се изврши на ден 14.08.2019 во времетраење од 30 дена.

Град Скопје ги информира граѓаните дека од 26.07.2019 година, петок, поради влегувањето во нова фаза на градежните активности за реализација на проектот „Реконструкција на дилатации на мост Гоце Делчев во двата правци“, ќе има промена во сообраќајниот режим на дел од бул. Гоце Делчев.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

ЦУКС известува дека поради градежни активности за нанесување на завршен слој на асфалт на булеварот Партизански Одреди за сообраќај затворен е еден дел од коловозот во насока на движење од Центар кон Карпош, па така времен сообраќаен режим е поставен од к-цата со улица Бледски Договор до к-ца со улица Манапо пред Сити мол. ЦУКС апелира до сите возачи да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот особено ако се приближуваат кон овој потег. Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, ги известува сите учесници во сообраќајот дека завршија протестите пред зградата на Владата, па сега сообраќајот на булеварот Илинден во двете насоки на движење се одвива непречено и без застој.

ЦУКС известува дека поради градежни активности затворен за сообраќај е еден ден од крајната десна сообраќајна лента на бул. Кочо Рацин во насока на движење од к-ца со бул. К.Ј. питу кон к-ца со улица 11 Октомври, а заради нанесување завршен слој на асфалт на булеварот Партизански Одреди во насока на движење од Карпош кон Центар, времен сообраќаен режим ќе биде поставен и на к-цата со бул. 8-ми Септември. ЦУКС апелира до сите возачи да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот особено ако се приближуваат кон овој потег.

Согласно добиеното одобрението за измена на режим на сообраќај,(Основен сообраќаен проект за времен режим на сообраќај на дел од бул. “Партизански Одреди” до бул. “8ми Септември” до мост “Обединети Нации”, ќе се започне со изведување на градежни активности (асфалтирање) на дел од бул. “Партизански Одреди” од мост “Обединети Нации” до крстосница со бул. “8МИ Септември” во двете насоки ,ќе се изврши пренасочување на сообраќајот во околните сообраќајници на ден 17.07.2019 во времетраење од 15 дена.

ЦУКС известува дека поради градежни активности за формирање на крстосница помеѓу бул. Киро Глигоров и улица „1“, на дел од булеварот ќе биде воведен времен сообраќаен режим, па така сообраќајот во насока на движење од мост Тодор Александров кон крстосница со улица Перо Наков, на еден дел од бул. Киро Глигоров, ќе се одвива во една сообраќајна лента. ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, воедно почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација.

Градот Скопје ја започна реконструкцијата на коловозот на улицата Февруарски поход во скопската Општина Аеродром. Реконструкцијата на коловозот ќе се изведува во должина од 720 метри.

Екипите на Град Скопје ја започнаа првата фаза од реконструкцијата на коловозот на улицата Лазар Трповски во Општина Чаир. Со реконструкцијата е предвидено стружење на коловозот и поставување на нов асфалт на површина од 2.400 квадратни метри.

Од 28.06.2019, се врши реконструкција на ул. “Ѓорче Петров” на потег од крстосница со ул. “Никола Пушкаров” до крстосница со ул. “Сарај” во Општина Ѓорче Петров во времетраење од 30 дена.

Центарот ги потсетува граѓаните дека, поради градежни активности за реконструкција на дилатации на мостот на реката Серава во Момин поток, на дел од булевар Никола Карев кон Качанички Пат е воведен времен режим на сообраќај. Поради реализација на овој проект измената на режимот на сообраќај важи на потегот од крстосницата помеѓу улицата Скупи и булеварот Никола Карев до крстосницата на овој булевар со булеварот Словенија, а градежните работи се изведуваат во две фази. До завршување на градежните активности, сообраќајот ќе се одвива наизменично по една сообраќајна лента и тоа во двете насоки, а ќе биде регулиран со светлосна вертикална сигнализација.

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје известува дека деновиве ќе почнат градежните активности за реализација на проектот изградба на водоводна мрежа во „Индустриска зона Визбегово-Делница 3“, во Општина Бутел, каде што поради градежните активности на одредели локации ќе биде воведен и времен сообраќаен режим, оттука ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја почитуваат поставената вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, прилагодувајќи ја својата брзина на движење според условите на патот.

Во тек се и градежни активности за санација на коловозот пред семафорите на крстосницата помеѓу булевар Александар Македонски и 16-та Македонска бригада, во насока на движење од влез на Скопје кон клучката Континентал, па оттука на дел од крајната десна сообраќајна лента воспоставен е и времен сообраќаен режим, што ќе важи до завршување на активностите.

ЦУКС известува дека од 19.04. во наредните 4 (четири) месеци ДГТ ЖИКОЛ дооел Струмица и ЈП „Водовод и Канализација“-Скопје, ќе отпочнат со изведба на градежни активности за реконстукција на водоводна мрежа по ул. Елисие Поповски од ул. Мајка Тереза до ул. Киро Гаврилски, каде што до завршување на проектот, ќе биде воведен и времен сообраќаен режим, па оттука сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици.

ЦУКС известува дека од 08.05 ќе отпочнат градежни активности за изградба на атмосферска канализација долж улица Кузман Шапкарев од крстосница со улица Ѓорче Петров до крстосница со улица Црногорска , како и долж улица Црногорска од крстосницата со улица Кузман Шапкарев до крстосницата со улица Панајот Гиновски. Градежните активности долж улицата Кузман Шапкарев и на дел од улица Црногорска во Општина Ѓорче Петров, ќе се изведуваат во наредните 4 (четири) месеци, а на овој потег ќе биде спроведен и времен сообраќаен режим.

ЦУКС известува дека од 10.05 ќе отпочнат градежни активности на дел од ул. Алжирска во Општина Карпош, па на овој потег ќе биде спроведен и времен сообраќаен режим. Градежните активности ќе траат 90 дена, а ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.