Во Скопје бесплатен јавен превоз, во Приштина пар-непар како мерка против загадувањето

Поради загадување на воздухот и исполнување на условите за прогласување на прагот на алармирање на ПМ10 честичките во Скопје вчера беа активирани итни мерки и препораки.

Во текот на претходните два дена во Скопје на три мерни места кај Ректорат, Лисиче и во Гази Баба вредностите на ПМ10 честичките го надминаа прагот од 200 микрограми на метар кубен во два последователни денови.

Меѓу мерките се ослободување од работни обврски на бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.

Правните субјекти треба да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од на отворено да работат од 11 до 17 часот, да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за Итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

По добиеното известување активирани се мерките за намалување на загадувањето и од страна на Градот Скопје.Во сила е бесплатниот јавен превоз во автобусите на ЈСП и на приватните превозници и се прекинати сите градежни активности на градилиштата, што се под надлежност на градот.

Меѓу мерките се и користење граѓаните да го користат јавниот превоз, возилата да не се користат без потреба, а за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали.

Додека градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети, воведе итни мерки за намалување на високата загаденост во градот.

„Предвидено е намалување на бројот на возила кои се движат во главниот град, преку стопирање на возила што доаѓаат од други градови во период од 6 до 9 часа, односно од 16 до 22 часот, како и воведување на системот пар-непар возила со приштински регистерски таблички. Автомобилите со таблички со непарни броеви ќе се движат во деновите со непарен датум, додека оние со таблички со парни броеви ќе се движат во парните денови“, соопштија медиумите во Приштина.

На сите возила на кои нема да им биде дозволен влез на Косово ќе им биде обезбедено паркирање на одредени локации. Услугите на градскиот превоз ќе бидат бесплатни, а на превозниците штетата ќе им биде надоместена со средства од косовската Влада.

Со посебна одлука се забранува продажбата на јаглен и негово користење за греење.

Според последните мерење, Приштина била еден од најзагадените градови во светот.