Во Скопје 202 санкционирани возачи, 22-ца за користење мобилен

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои 22 за користење  мобилен во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените сообраќајни контроли.

За возење без возачка дозвола изречени се 17санкции, додека, како што соопшти денеска МВР, 19 мерки се за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се седум санкции за непочитување на брзината на движење, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 58 мерки за непрописно паркирани возила и 20 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат, се навеудва во соопштението, и во наредните денови и се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.