Во Скопје 172 санкционирани возачи

 Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се седум мерки за нерегистрирани возила, седум санкции за минување на црвено светло, седум мерки за користење мобилен телефон при возење…

МВР информира дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.