Во Скопје 158 санкционирани возачи, 67 за брзо возење

На територијата на град Скопје вчера во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 67 санкции.

За возење без возачка дозвола изречени се 13 санкции, а како што соопштија денеска од МВР, пет мерки се изречени за технички неисправни и нерегистрирани возила и четири санкции за користење на мобилен телефон.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.