Во Скопје 104 сообраќајни прекршоци, 18 за пребрзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 104 мерки.

Како што соопшти МВР, меѓу меркте 18 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 10 мерки за возење без возачка дозвола, а осум за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Изречени се и 18 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, две мерки за користење на мобилен телефон, две за некористење сигурносен појас…

Aкциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.