Во Шведска вишокот храна се остава на јавни места за да се хранат луѓето кои немаат - може ли ова да заживее во Скопје?

Наместо да се фрла, храната во Македонија може да се даде на сиромашните семејства или на бездомниците. 

Таков е примерот во Шведска. Семејствата кои имаат вишок храна, истата убаво ја пакуваат и ја оставаат на јавно место, со цел да ја земат оние кои се гладни и им е потребна. 

Колку оваа идеја може да заживее во Македонија? 

Во земјава се фрла речиси една четвртина од вкупното количество храна со која располагаат маркетите, рестораните, производителите и дистрибутерите. Најмногу храна фрлаат дистрибутивните ланци чии производи се со краток рок на траење, потоа следат рестораните и домаќинствата.

Македонија се наоѓа меѓу седмото и осмото место по фрлање храна во светот гледано според бројот на жители. САД најмногу фрлаат храна во глобални рамки.