Во што ќе се пренамени споменикот Мајка Тереза во центарот на градот?

Деновиве особено е актуелно тоа, и се поставува прашањето, дали ќе се урива постаментот поставен за споменикот Мајка Тереза во центарот на градот. 

Но, според она што го велат од Владата е дека истиот нема да се урива, туку ќе се пренамени. Уривањето било скапа инвестиција.

„Владата на Република Северна Македонија го задолжи Министерството за култура да спроведе постапка за пренамена на објектот со скулптурална композиција Мајка Тереза согласно со предвидените можни намени во урбанистичката планска документација за предвидената парцела. На јавниот конкурс треба да се предложуваат идејни решенија за пренамена на објектот. Оваа владина одлука е резултат на направените анализи кои што покажаа дека ќе бидат потрошени повеќе пари доколку се урива, во споредба со средствата потребни за пренамена на објектот“, велат од Владата.