Во Шкотска се бараат овчари, плата 24.500 евра месечно

На најсеверниот остров во Шкотска, Северен Роналдсеј, кој припаѓа на архипелагот Оркниски острови, се oбјави оглас за работа при што се бараат заинтересирани пастири кои треба да чуваат редок вид на шкотски овци.

Работниците ќе работат 35 часа во неделата, а платата ќе им биде 24.500 евра месечно. Тој кој ќе ја прифати работата, ќе мора три години да остане во работен однос.

Како што известува БиБиСи, овој редок вид на овци се хранат со алги, кои ги има во изобилство на островот. Освен еден вид на гуштери кои живеат на Галапагос, овие овци се единствените животни на светот кои можат да преживеат хранејќи се само со морска трева.