Во секој случај - те сакам...

Секогаш те сакам, и кога се будиш,
И кога на лицето немаш шминка,
И кога си лута и кога се чудиш,
И кога се подготвуваш да одиш да танцуваш без мене.
Секогаш те сакам, сакам да знаеш.
Те сакам, не знам како да оддолеам.
Во секој случај те сакам.
Те сакам кога си бледа и тажна
И кога имаш брчки на лицето.
Те сакам кога си дива и среќна
И кога во раката држиш птица.
Кога не сакаш ништо да ми дадеш,
Те сакам, не знам како да оддолеам,
Во секој случај - те сакам.

Секогаш те сакам, и кога сонуваш,
Кога не ми пишуваш, кога те нема.
Кога од мене постојано се криеш.
Те сакам кога си нема,
Кога молчиш баш како риба.
Те сакам, не знам како оддолеам,
Во секој случај - те сакам.

Секогаш те сакам, дури и тогаш
кога не те сакам, кога си сама,
Кога вечерта паѓа над градот.
Те сакам кога се правиш дама,
Кога не ме сакаш, како сега
Во тоа и се состои животот наш.
Во секој случај - те сакам.
Во секој случај - те сакам.