Во седумдесетите години се добиваше укор за носење фармерки на час

Некогаш, во седумдесетите години на минатиот век, во образованието имаше многу постороги критериуми. Па така, повозрасните се сеќаваат дека тогаш можеше да се добие укор и за носење несоодветна облека на часовите. 

Во фејсбук групата „Стари скопјани“ е споделена фотографија од еден тогаш многу популарен воспитен метод - Укор за носење фармерки.