Во сабота ни пристингува розова полна Месечина во Стрелец: На 4 знаци им носи невиден хаос во животот и одлучувачки промени

 

Во сабота на 3 јуни, небото ќе го осветли полна, розеникава Месечина и тоа во знакот стрелец. Енергијата која ќе ни ја донесе ќе биде обоена со радикална искреност и надеж за слобода и знаење. Оваа месечева мена ќе ви донесе поширока слика за вашата животна ситуација, ќе ве потсети на она што е навистина важно и ќе ви го одвлече вниманието од тривијалностите со кои сте биле оптеретени. А еве на кои знаци најмногу ќе влијае првата јунска полна Месечина. 

Близнаци

Полната Месечина во стрелец ќе ја осветли вашата седма куќа на романтични врски; очекувајте мудри совети од вашите сакани. Личноста која ви е блиска буквално ќе ве просветли. Ова, исто така, би можело да биде време кога ќе ги проширите своите видици во љубовниот живот, така што не се плашете да сонувате големи соништа. Можностите за вас и за вашата сродна душа се огромни и можете да се радувате за она што ви го носи иднината. Од друга страна, оваа полна Месечина можно е да ви фрли на патот решавачки одлуки – можеби ќе морате или да го оставите сегашниот партнер или долгорочно да му се посветите. 

Девица

Оваа полна Месечина ја истакнува вашата желба да го проширите својот дом и приватниот живот на големи, неочекувани начини. Иако сте склони да им придавате значење и приоритети на најситните детали, оваа мена ќе ве охрабри да размислите за тоа како треба да изгледа вашето опкружување од соништата. Без разлика колку неостварливо изгледа тоа, сетете се дека само небото е граница. Домот може да биде каде било и што било, не треба да се ограничувате себе си. Размислете за преселба на друго место, друг град или друга држава, или за заминување на подолго патување. Нека ве води мислата што ве извлекува од вообичаената рутина. Овој период можеби ќе го обележи некој несебичен чин од ваша страна за некој член на семејството. 

Стрелец

Вие сте ѕвездата на оваа полна Месечина, која ја осветлува вашата прва куќа на самоизразување. Како некој кој постојано бара авантура, овој период ќе биде одбележан со вашето прифаќање на најспонтаниот дел од себе. Можно е да одите на некое непланирано патување. Ова е време кога сѐ се врти околу вас и вашите интереси, но и вашата желба за слобода. Вашите напори и трудот во областа на кариерата ќе дадат одлични резултати и ќе имате можност да ги согледате вашите лични врски на вистинскиот начин.

Риби

Овој период ви носи аспирација да се ослободите на бизнис планот, односно да го покажете вашиот целосен капацитет. Како знак управуван од Јупитер, секогаш се стремите кон континуиран раст и проширување, и така е во професионалниот домен. Ако сте биле демотивирани или стагнирани, сега е моментот кога ќе ве дочекаат подобри и поважни можности. Слободно преземете ризичен проект и целосно залагајте се за целта и задачата во која верувате - сѐ што ќе ви послужи како отскочна даска.