Во сабота ЈП „Лајка“ организира отворен ден во прифатилиштето за бездомни животни

Од Jавното претпријатие за благосостојба на животни скитници „Лајка“ информираат дека поради зголемениот интерес на волонтери кои се пријавија отворениот ден ќе трае подолго. 

Претстојната сабота од 11 до 15:30 часот прифатилиштето за бездомни животни ќе биде отворено за сите волонтери кои сакаат да придонесат за подобрување на благосостојбата на кучињата и да уживаат со нив преку дружење, прошетки, играње, хранење, бањање и чешлање. 

На отворениот ден ќе се разговара за целиот хуман третман низ кој минуваат животните, за процесот на вдомување, како и околу практичните совети при вдомување на куче. 

Волонтерите претходно треба да се пријават преку меил во ЈП Лајка.