Во сабота „Бела ноќ“ на повеќе локации во Скопје

Вo сабота на 26 септември скопјани по 17-ти пат ќе можат да уживаат со традиционалната манифестација „Бела ноќ“. 

Организаторите информираат дека поради почитување на мерките за заштита на Ковид-19 ќе биде потребно приложување на сертификат или за вакцинација или дека сте прележани, а поради запазување на капацитетот и бројот на присутни посетители, ќе важи правилото „прв дојден – прв услужен“.

И оваа година „Бела ноќ“ нема да помине без локациите Градскиот парк, Дом на градежници, Чифте амам и Младински културен центар, а во населбите Драчево и Ченто ќе се одржи „Кино на трева“. 

Богата програма ќе се реализира на повеќе локации во Скопје: 

МКЦ парк
концерт:

„ПМГ Рекордингс Фестивал 11“
20:30 - 21:20 Sethstat
21:30 - 21:50 Марија Каева

22:00-22:40 Lufthansa
22:55 - 00:15 ПМГ Колектив Оркестар
00:20 - 01:00 Blackstate

МКЦ Плато
концерт:
21:00 - 22:30 Дарко Јорданов B2B Нино Наумов
22:30 - 23:15 ДЈ Магија
23:15 - 00:00 Амок Радио ДЈ-и
00:00 - 01:00 Илина Ангел B2B Божидар Видоевски

МКЦ
19:30 изложба: иновативна урбана опрема - Urban snake 2.0

Плато пред Куршумли Ан
20:00 - 0:00 изложба: „Скопска стрип акција“ - Томе Трајков

Куршумли Ан
концерт: 20:00 Фолтин - Eye Cue

Парк на авиончето - Аеродром
концерт: „Ритамот на Скопје“  
19:30 Пајак
20:00 Дани Димитровска и камерен оркестар
21:30 Ѓоко Таневски и Кристина Аранудова

Велоштад - Транспортен центар
19:30 изложба: „Автобус на уметноста“ од повеќе автори: Ана Трајковска, Јана Луловска, Доротеј Нешовски, Ана Ивановска, Владимир Здравески, Владимир Милиќ, Марија Јаќовска, Рита Коневска, Душан Стефановски, Давор Кешкец, Ана Јовановска

Мала станица
20:00 - 0:00 изложба: „Допирот“ - идни екологии

Чифте Амам
20:00 - 0:00 изложба: „Глува соба“ - Стојан Павлески

Зелен Покрив - Дом на градежници
кино: 19:30 Ехо Фестивал на планински филм
„Исповедувањата на еден тркач“, Бачар Катар, Либан - 2020, 29'
„Миртл Симпсон - живот на мраз“, Ли Ен Сајдс, САД - 2019, 34'
„Матерхорн - Лавовски гребен“, Александар Белтраме/Ерве Бармас, Италија - 2021, 35'
„Од океанот до Асгард“, Хедер Мошер, Канада - 2020, 34'
„Во планината“, Лукас Ратон, Бразил - 2021, 8'
„Умствена рамка“, Џеф Томас, Канада - 2021, 11'

Три Круши - населба Драчево
кино на трева: 20:00 „The Whistlers“/„Свиркачите“

Дом на култура „11-ти Октомври“ - Ченто
кино на трева: 20:00 „Bye Bye Morons“/„Збогум Морони“

Езерце - градски Парк
20:00 Twitter награди - #БелаТвитерНоќ

Школка - градски Парк
20:00 - 0:00 изложба: „Занемени“ (видео проекција)  - Страхил Петровски