Во рок од три дена треба да се сменат сите табли на граничните премини и аеродромите

Согласно одлуките, како што соопшти Владата на Северна Република Македонија, Царинската управа треба да стави налепници на таблите на граничните премини, државната граница и на двата аеродроми в во рок од три дена, Секторот за односи со јавност при Владата на Република Северна Македонија во рок од седум дена да изработи Книга на графички стандарди со која ќе утврди стандарди за визуелен приказ на уставното име Република Северна Македонија во склоп со државниот грб како лого кое го користат државните институции за јавните табли на влезот од сите институции, а Генералниот секретаријат во рок од седум дена да изготви софтвер кој ќе ги содржи сите институции од државно и локално ниво, како и димензиите на јавните табли.

Промената на сите табли, на централно и локално ниво, треба да се заврши во рок од четири месеци.