Во рамки на акцијата за чистење на парк шумата Гази Баба се уредува и парк за домашни миленици

Градоначалникот Шилегов, Градоначалникот на општина Гази Баба, Борче Георгиевски и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча, денеска присуствуваа на големата пролетна акција за чистење на парк-шумата Гази Баба.

Акцијата на терен ја реализираа Јавното комунално претпријатие „Гази Баба“, ЈП „Паркови и зеленило“ студентите од факултетите кои се на територија на Гази Баба и Акцијашите.

Во рамките на акцијата за чистење, истовремено во парк шумата Гази Баба се уредува и еден парк за домашни миленици.

air max 90 essential sale