Во Радишани ќе се собира пластична амбалажа

Во периодот од 18 до 27 овој месец во Радишани се организира собирна акција на пластична амбалажа.

Организатор на акцијата е основното училиште “Ацо Шопов” во соработка со ЈП”Комунална хигиена”.

Завршен акцент на акцијата ќе стави директорот на ЈП,,Комунална хигиена,, кога и ќе биде главниот настан што ќе биде одбележан со многу едукативни игри со стручни аниматори за еколошките игри кои ќе ги поучат учениците на правилно селектирање на отпадот.