Во прво одделение имаат симпатија, а на 13 години се во сериозна врска

Во секојдневните муабети често ќе спомнеме дека денешниве деца се многу напредни. Притоа често мислиме и на физичкиот развој, но не секогаш во позитивна конотација.

Во неврзан муабет со моите комшики, почнавме да збориме за тоа дека до вчера во паркче седевме со нашите деца, веќе денес тие сами излагаат.Пиејќи го кафето едната комшика почна да ни кажува за дечкото на нејзината ќерка.

-Да ви кажам Јана има дечко.На почеток бев против, и велма како ќеркичке мала си за такво нешто, но откако го запознав сфатив дека грешам.

Зачудено прашав извини Лидија, но Јана не е премала за врска, сега наполи 13 години.

Да така е види они веќе се заедно 6 месеци, и реков да го донесе дома за да се запознаеме.Да ви кажам ми се бендисува момчево.

Низ насмевка и реков, па тие за озблно ја сфатиле работава, комшиката очигледно вознемирена од мојот кометар веднаш ми возврати: Слушај Ана, си знам дека е со дечко кога излага, не треба да ја мислам каде е, со кого е и што прави.

Се повлеков и продолжив кафето да си го пијам.Лидија почна да обајснува како сака да направи  пита в сабота за да го покани и дечкото на ќерката на ручек.Почна да пребарува рецепти, а јас се уште не можев да сфатам како некои родители ги тераат децата да растат пребрзо.Зар дечкото на 13 години ќе ѝ го покаже патот или ќе ја заштити?

Феноменот на прераниот пубертет кај денешните деца, посебно девојчињата кој во претходните генерации типично започнуваше на возраст од околу 11 години, сега почнува веќе од 7, а кај некои девојчиња и во 4-тата година.