Во првите три месеци од 2026-та животот поскапел за над 2.300 денари - еве колку изнесува синдикалната минимална кошница за март!

Трошоците за живот продолжуваат да се зголемуваат, покажува најновата пресметка на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Според нив, синдикалната минимална кошница за март 2026 година изнесува 67.818 денари, што е за 436 денари повеќе од февруари.

За четиричлено семејство кое живее под кирија во стан од 60 квадратни метри, основните месечни трошоци достигнуваат 83.193 денари.

Во првите три месеци од годината, синдикалната кошница бележи раст од вкупно 2.326 денари, што укажува на континуиран притисок врз семејствата. Само во март, кошницата пораснала за 436 денари, продолжувајќи ја тенденцијата од јануари и февруари.

Ситуацијата е уште поизразена кога се вклучи киријата. Четиричлено семејство кое изнајмува стан од 60 квадратни метри сега треба да обезбеди над 83.000 денари само за основните животни трошоци.

ССМ истакнува дека синдикалната кошница е повеќе од економски индикатор – таа ја покажува реалната вредност на животот.