Во просек од корона вирус во земјава дневно се заразуваат по 100 лица

Во ковид-статистиката вчера, како и претходните викенд денови, беше забележан пад на бројот на заразени во однос на направени тестирања. Од 1.514 тестирања, беа регистрирани 135 нови случаи или околу девет проценти. Во работните денови, тој процент се движи од 10 до 16. Од друга страна, забележан е пораст на активните случаи во последните пет дена. На 20 октомври имало околу 5700 активни случаи, а вчера беа регистрирани околу 6.200.

Вчера беа регистрирани и 11 починати лица, како и 330 оздравени пациенти. 

Според епидемиолошки анализи во моментов, во Скопје се половината од активните случаи или 3190. Вчера во главниот град беа регистирани 91 нов случај на корона вирус, а како последица од истиот починаа две лица. 

По Скопје следи Куманово со 446 активни, Велес – 309, Прилеп – 245, Битола – 201. 

Досега во земјата се направени вкупно 1.366.002 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 199.901, бројот на оздравени пациенти е 186.652, на починати е 7.062, а на активни случаи изнесува 6.187.