Во пресрет на Супер купот скопско Кале ќе светне во сина боја

Во организација на Град Скопје е целосното брендирање на градот, а деновиве и скопското Кале ќе светне во сината боја на Супер Купот, најавија од Градот.

 Во организација на Град Скопје е и организирањето на т.н. „неутрална фан зона", како и точките на поаѓање на навивачите кон стадионот „Филип Втори".

Неутралната фан зона е лоцирана на Плоштадот Македонија и на истата ќе се организираат голем број активности за посетителите од сите возрасти.