Во пресрет на празникот вечерна богослужба и литија во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје

Во предвечерието на великиот празник Рождество на Пресвета Богородица, денеска со почеток во 17:00 часот, ќе се отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје.

Вечерната молитва ќе биде проследена со литија околу централното градско подрачје.

Македонската православна црква – Охридска Архиепископија ги поканува сите верници и граѓани да земат молитвено учество на Вечерната богослужба и на Литијата.

Утре (21 септември) православните верници го одбележуваат Рождеството на Пресвета Богородица.