Во пресрет на изборите: Политичарите ветуваат високи плати, граѓаните се жалат на висoките цени

Нови избори на повидок, нов предизборен период на ветувања.

Иако официјално не е започната предизборната кампања, партиите на големо се меѓу граѓаните каде ги презентираат своите програми кои меѓу другото го содржат и најглавнoто егзистенцијално прашање – висината на платата за работниците.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ветува плата од 750 евра, додека пак премиерот Зоран Заев вели дека сака да имаме просечна плата од 60.000 денари или 1.000 евра.

Граѓаните, пак, велат дека не е доволно само да се зголеми платата, туку и да се регулираат цените согласно примањата на народот. „Месечните примања благо се покачија, но драстично се зголемија цените на горивата и основните намирници. Зејтинот од околу 70 денари се покачи на 100 денари, шеќерот од 29 на 36 денари, млекото од 45 на 52 денари. Со новите цени, македонските граѓани тешко опстојуваат“, коментира еден граѓанин кој вели дека ништо не му значат ветувањата на политичарите.

Просечната плата се зголеми за 1.795 денари, пензиите се покачија за 1,2 проценти или за само 120 минималната, односно просечната пензија за 180 денари.

Според државната статистика, за само една година цените на производите пораснале за речиси 3%.

Затоа граѓаните се скептични и со резерва ги прифаќаат сите оптимистички ветувања на политичарите. Велат, за овие суми кои ги спомнуваат како ветување за евентуалните плати, да станат реалност ќе минат години, а кој знае колку ќе скокнат цените на животот до тогаш.