Во пресрет на Голема Богородица, спроведена акција за санација на главната улица која води кон Матка

За празникот Голема Богородица, секоја година илјадници лица го посетуваат манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ на Матка.

Како дел од подготовките за големиот празник, екипите на ЈП „Улици и патишта“ спроведоа акција за санација на главната улица која води кон Матка, при што беа искористени 20 тони асфалтна маса.