Во пратка за затвореник пронајдена дрога

Во пратка наменета за млад затвореник пронајена дрога. 

На 29.09.2022 во 11.27 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во пратка која пристигнала за осуденикот М.Ш.(25) од Струга била пронајдена кафеава прашкаста материја и ќесе со безбојна течност. Полициски службеници од СВР Штип излегле на местото и предметите биле одземени за понатамошна постапка, соопшти полицијата.

Исто така, во просторијата во која престојува М.Ш. затворски службеници извршиле претрес и пронашле мобилен телефон, кој исто така, бил одземен. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање ќе следи соодветна пријава.