Во позитивна атмосфера со музика и играње тече првата Парада на гордоста

Во позитивна атмосфера со музика и играње тече првата парада на гордоста што се одржува во Скопје. Учесниците на парадата пристигнаа во градскиот парк, каде што пејачката Тамара Тодевска ја испеа песната со која настапи на Евровијза „Proud“.

Таа им го посвети текстот на присутните, бидејќи одговара на концепот дека секој треба да е горд со она што е.

Со транспаренти во рацете и знамиња со боите на виножитото, учесниците парадираа по скопските улици, а забележливо беше присуството на учесници од повеќе држави, меѓу кои Грција, Бугарија, Србија, Велика Британија. Додека траеше парадата и учесниците маршираа низ Илинденска можеа да се забележат љубопитните погледи на граѓаните кои ѕиркаа од прозорците. Некои од нив ги отпоздравуваа учесниците, но имаше и такви кои извкуваа „Уа“.

„Горди сме што денеска некои се одважија и излегоа на парада и рекоа ‘јас сум геј и тоа е ок’“, изјави на бината една од учесничките на парадата во Градскиот парк.

На настанот присуствуваа министерката за одбарана, Радмила Шекеринска, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, советникот Роберт Алаѓозовски, екс-пратеникот Павле Богоевски, како и голем број членови на невладини организации.

На социјалните мрежи можеше да се забалежи голем говор на омраза пртив денешната парада, но тоа сепак не ја наруши позитивната атмосфера која што владееше помеѓу присутните на настанот.