Во повеќе охридски села во водата од водоводите пронајден резидуален хлор, дел биле контаминирани со ешерихија коли

Водата од водоводите во повеќе охридски села вчера била привремено забранета за употреба, откако во дел од примероците бил пронајден резидуален хлор, а дел биле контаминирани со ешерихија коли.

„Со решение на Државниот инспекторат за храна, се забранува за пиење водата од локалните водоводи во селата Свиништа, Завој, Куратица, Речица, Опеница, Вапила, Косел и Ливоишта. По извршените лабараториски анализи, констатирано е отсуство на резидуален хлор, а во Свиништа, Куратица, Речица и Опеница и микробиолошка контаминација, со присуство на ешерихија коли“, велат надлежните.

Месните заедници од овие села била задолжени да обезбедат безбедна вода за пиење, а дотогаш водата што се користи за пиење да се преврива 30-40 минути.