Во поштата во Бутел ограбен сефот со пари

– Непознат сторител во петокот претпладне извршил тешка кражба во пошта во трговски центар на улицата „Натанаил Кучевишки“ во Бутел, соопшти полицијата.

На 24.01.2020 во 10:15 часот било пријавено дека на улицата „Натанаил Кучевишки“ во трговски центар, во објект на пошта, непознат сторител извршил тешка кражба и од метален сеф одзел пари.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.