Во попладневните часови се очекуваат гужви на сите граничните премини со Грција

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопштија утрово во АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Се очекува во попладневните часови времето на чекање на граничните премини со Грција да биде над еден час кога илјадници наши граѓани го искористија продолжениот викенд.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.