Во понеделник судење за грабежот во Тутунска банка

Судскиот процес за најголемиот грабеж на пари од сефот на НЛБ Тутунска банка, е закажан за вo понеделник 2 октомври, откако претходно по барање на одбраната беше одложено.

Осумтемина обвинети се осомничени за кражба на 2.400.000 швајцарски франци и 645.000 евра од сефот на банка.

Минатото одложување беше второ по ред, откако првото закажано рочиште кое требаше да се одржи на 31-ви август, беше одложено поради тоа што истражниот затвор во Шутка немаше услови да спроведе тројца од обвинетите.

Основното јавно обвинителство по спроведување на истрага во јуни поднесе обвиненија против  8 лица.

Според обвинението од 31 март до 8 април годинава првите четворица обвинети, со умисла и во повеќе временски поврзани дејствија  искористувајќи ја својата работна позиција, украле 400.000 швајцарски франци и 375.000 евра. На 10 април се украдени два милиона швајцарски франци и 270.000 евра, за што беше уапсен првообвинетиот, вработен  во трезорот, Бобан Смилевски.