Во понеделник повеќе делови од Скопје без вода

Во понеделник без вода за пиење од 9 часот до завршување на активностите ќе бидат корисниците од населбите Аеродром и Ново Лисиче (висока зона – станбените објекти над 5. кат), Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол.

Дел од корисниците во Кисела Вода може да има намален притисок додека траат активностите.

Прекинот ќе биде поради реконструкција на водоводна линија на дел од водоводната цевка со пречник од 400 милиметри во делот од булеварот Србија во Кисела Вода, од „Енерго систем“ до пред кружниот тек за влез во Цементарница Усје АД Скопје во должина од 450 метри, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.