Во понеделник ќе се чистат неколку делови во општина Бутел

Почитувани, во рамките на активностите посветени на подигнувањето на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавањето диви депонии, ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје на 18.02.2019 (понеделник) во 11 часот ќе започне акција за чистење на црните точки во општината Бутел.

На настанот ќе присуствуваат директорот на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, Абдусамед Шабани и градоначалникот на оштината Бутел, Велимир Смилевски. Ве очекуваме на локацијата кај Трафостаницата, на улицата Марко Крале (патот кон Љуботен), на 18.02.2019 (понеделник), во 11часот.