Во понеделник без струја делови од две скопски општини

Во понеделник, 19 октомври, поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат корисници од неколку делови на Скопје.

Од 8:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Цветан Димов“ и „Јајце“, поради работи во трафостаницата „Гази Баба 8“. Предвидени се чистење, дополнување масло во кабелските глави и трансформаторот, како и проверка на расклопната опрема.

Во Ѓорче Петров, од 10:00 до 13:00 часот, прекин во снабдувањето ќе имаат корисниците од улица 37 во село Волково.

Од 11:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе останат и дел од корисниците на улиците „Коста Абрашевиќ“, „Дижонска“, „Клинска Леса“ и „Серава“.

Прекинот е поради планирани работи во трафостаницата „Даме Груев 2“, каде ќе се вршат чистење, проверка на расклопната опрема и дополнување масло во кабелските глави и трансформаторот.