Во понеделник бесплатно паркирање во Центар

Паркирањето на паркиралиштата со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ќе биде бесплатно во понеделник, 12 октомври, по повод одбележувањето на државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание.

Од претпријатието информираат дека исклучок се затворените паркиралишта со автоматска наплата „Дилајла“, „Трготекстил“ и „Палома Бјанка“, каде што ќе важи редовниот режим на наплата.

Редовната наплата на паркирањето ќе продолжи во вторник, 13 октомври, со вообичаеното работно време.