Во полициската акција на МВР затворени се три познати скопски локали

Во полициска акција на МВР затворени се 13 угостителски објекти во неколку градови, Скопје, Тетово, Струмица…

Како што неофицијално дознава Скопје Инфо, од страна на инспекциските органи од останатите Министерства издадени се две решенија за забрана за вршење на угостителска дејност во траење од 30 денови на угостителските објекти „Се за љубов“ и „Јари дупка“ и едно решение за забрана за вршење на угостителска дејност во траење од 10 дена на угостителскиот објект „Интермецо“.