Во подрум на училиште во село Јегуновце пронајдена школска муниција

Во СВР Тетово вчера околу 11.00 часот било пријавено дека при чистење на подрумска просторија на основно училиште во тетовското село Јегуновце биле пронајдени повеќе парчиња школска муниција, кои потекнувале од периодот на поранешна СФР Југославија.

Како што соопшти МВР, пронајдени се три школски противпешадиски распрскувачки мини, една школска противтенковска мина, две школски рачни бомби, 12 парчиња школски електрични детонаторски каписли и две школски мини ПМА 1А.

Увид бил извршен, а од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување пронајдените предмети биле подигнати за понатамошна постапка.