
По повод „Денови на Општина Карпош“, претстојниот петок (10.10.2025) во новата општинска зграда во Карпош 3, ќе се одржи традиционалната крводарителна акција, која ќе започне од 9 часот и ќе трае до 17 часот.
Општина Карпош ги повикува сите дарители од Карпош и од другите општини да бидат дел од оваа хумана акција и да даруваат капка крв што значи живот, се наведува во апелот од локалната самоуправа.