Во петок се отвара 3-тиот саем на современа уметност „Paratissima“

Третото издание на интернационалниот саем за современа уметност „Paratissima“ ќе се отвори овој петок во просториите на Младинскиот културен центар. Три изложбени дена ќе целат кон промоција на модерниот уметнички израз во неколку различни категории. Ќе се претстават голем број домашни и странски уметници со музички и модни перформанси, експериментални танци, видео инсталации и кратки документарни и детски филмови, како и излжба на уметнички дела. Изложбените денови ќе бидат проследени и со забавен дел на кој учесниците и посетителите ќе имаат прилика да се дружат.

На минатогодишното издание своја презентација имаа 106 уметници, а настанот го одбележа и извонредна посетеност на речиси 5 000 луѓе. Настанот паралелно се организира и во италијанскиот град Торино каде традиционално, прилика за претставување имаат победниците од скопскиот саем.
Влезот на „Paratissima Skopje 2016“ е бесплатен.