Во овој дел од центарот на Скопје се вози по изменет режим

Почна реконструкција на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, делот од студенстскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, до кружниот тек кај АМСМ.

Улицата ја поправа Град Скопје, а се вози во еден правец, од Центар кон Запад.

Исто така променет е и возниот ред на градските автобуски линии кои сообраќаат во овој правец.

- Градот Скопје отпочнува со изградба и реконструкција на бул.Митрополит Теодосиј Гологанов од раскрсница со бул. Св.Климент Охридски до кружниот тек со раскрсница улицата М.Х.Јасмин. Реконструкцијата опфаќа градежни работи на коловозот од 5350 м2, велосипедска патека и тротоари од 4500 м2, нови рабници, градежни работи на нова фекална канализација Ф600 мм, изведба на нова водоводна мрежа, ново улично осветлување со лед светилки со контролери, истакна вчера на прес конференција градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска

Рокот на изведба е пет месеци, а Градот Скопје за реконструкција планира да потроши 700.000 илјади евра.