Во ОУ „Тихомир Милошевски“ нема настава: Откорнат е дел од кровот.

При вчерашното невреме со силен ветер, откорнат е дел од кровот на ОУ „Тихомир Милошевски“ во Ново Село, општина Ѓорче Петров. Наставата денеска нема да се одвива во ова училиште па децата од прва смена беа враќани назад.

Родителите изненадени:

- Утрово го однесов детето вообичаено во училиштето а на врата стоеше една од наставничките која сите ги информираше дека настава нема да се одвива се додека не се поправи штетата направена од силниот ветар. Во училиштето нема ниту парно а ни струја - инфомрираше еден од родителите.

За сега нема официјална информација кога ќе се санира штетата и дали утре објектот ќе биде оспособен за работа.