Во ОУ „Тихомир Милошевски“ ќе нема настава до 7 февруари

Поради временската непогода во училиштето "Тихомир Милошевски" во општина Ѓорче Петрови има прекин на наставниот процес од 5 до 7 февруари.

- Во училиштето оштетена е поголема кровна површина со која се предизвика поплава во просториите и прекин на електричната енергија. Се преземаат сите мерки за санирање на штетата, информираат од оваа општина.