Во општина Петровец пуштена во употреба нова улица

Општина Петровец ја пушти во употреба ул. бр.5 во с. Р’жаничино. Улицата е долга 330 метри а широка 4 метри. Пред асфалтирањето беше поставена и канализациона мрежа.

Инвестицијата чини 2 500 000 денари кои се целосно обезбедени од буџетот на Општина Петровец.

Општина Петровец продолжува со работа за да ги подобри условите за живеење на сите нејзини жители.