Во Општина Кисела Вода ќе се одржи ОТВОРЕНА ТРИБИНА со градоначалникот Филип Темелковски

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски на 17.09.2018 година, понеделник, со почеток во 13:00 часот ги поканува сите граѓански здруженија, активисти и волонтери на ОТВОРЕНА ТРИБИНА која ќе се одржи во големата сала на Општината. Учесниците на оваа трибина ќе треба да го искажат своето мислење за точките по следниот ДНЕВЕН РЕД:

1. Правилен начин за остварување на успешно партнерство и соработка помеѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа, со цел реализација на проекти со средства од европските фондови.

2. Анализа на причини поради кои партнерството помеѓу граѓанското општество и локалната самоуправа позитивно влијае во процесот на креирање и спроведување политики кои се од посебно значење за напредокот на Република Македонија.

3. Анализа на процесот за пристапувањето на Република Македонија кон Европската Унија и НАТО алијансата, и претстојниот референдум кој ќе се одржи на 30 септември 2018 година.

Дополнителни информации, како и потврда за присутност на трибината заинтересираните можат да добијат кај лицето Ана Ѓуроска, координатор на ОТВОРЕНА ТРИБИНА, на следниот телефонски број 078/226-148, или на мејл адреса ana.gjuroska@kiselavoda.gov.mk.